Супер купот на Македонија во ракомет ќе се врати на македонската спортска сцена, откако минатата година не се одигра поради прекинатото првенство и кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
Домаќин на екипите во Супер купот на Македонија ќе биде охридската арена „Билјанини Извори“, а мечот ќе се одигра на 11 август.
Екипи учеснички во Супер купот на Македонија ќе бидат Вардар како шампион во Супер лигата и освојувач на титулата во Купот на Македонија и Еурофарм Пелистер кој заврши второпласиран на табелата во плејофот.
Супер купот на Македонија ќе биде своевидна најава за струшкиот ракометен турнир кој ќе започне ден подоцна, на 12 јуни на отвореното игралите „Горан Попоски-Бабец“.
OhridNews