Кошаркарите на Србија се пласираа во финалето на Светсото првенство во кошарка што се игра во неколку азиски држави. Прептпладнево во Манила, Филипини, Србија ја совлада фаворизираната Канада 95:86 и заслужено ќе се бори за златниот медал.
Србија водеше во текот на целиот натпревар и во најголем дел имаше двоцифрена предност. Победникот го предводеше Богдан Богдановиќ со 23 поени.
Во финалето Србија ќе игра со подобриот од дуелот Германија – САД кој на програмата е попладне по средноевроско време.
Г.М.