Како вообичаен декор со репрезентациите без разлика во кој спорт се натпреварува Македонија, е “македонската фаланга“ која се очекува да го обои Ниш во “црвено жолта“ боја.
Директорот на ЕП во Србија, Милан Петронијевиќ за српските портали изјави дека во Ниш најмногу бројни ќе бидат македонските навивачи и дека се подготвени да се престават како добри домаќини.
– Припремите за почетокот на Европското Првенство се во самиот финиш. Ние сме сигурни дека во Ниш селекциите на Франција, Данска, Шведска, а посебно Македонија ќе се чувстуваат како дома. Ситуацијата со македонските навивачи ме потсеќа на ЕП во мажи кое се одржа токму во Србија. Тогаш на улиците неможеше да се сретне друга боја освен “црвено жолтата“ – истакна Петронијевиќ.
Салата “Чаир“ во Ниш сеуште не е распродадена до последното место. Организаторот процени дека некаде околу 80% ќе бидат исполнети салите во кои ќе го добиеме новиот Европски владател.