Охридските хотелиери велат дека нивните стравувања дека поради глобалната економска криза и неконкуретноста ќе се намали бројот на српските туристи кои ќе доаѓаат на ривиерата, се покажале оправдани.

Во март земјава ја посетиле 2.557 српски туристи, најмногу од вкупно 7864 странски гости кои во текот на тој месец престојувале во Македонија. Но хотелиерите ги загрижува тоа што српските туристи заради поевтините аранжмани ова лето во голем број ќе одмараат во другите земји од регионот, наместо во Охрид кој беше нивна омилена дестинација изминатите неколку години. Голем дел од најавените аранжмани се откажани, а доколку нешто не се промени во севкупнта понуда претстојната главна туристичка сезона, барем што се однесува до хотелите може да доживее фијаско.

Иако владата се изјасни дека нема намера да го намали ДДВ-то за ноќевањата и продажбата на храна во угостителските објекти како што беше побарано од неа,  туристичките работници и натаму остануваат на ставот дека само со такви мерки можат да се ублажат последиците од светската економска криза.

Експертите сметаат дека дека економската криза силно ќе го погоди и туризмот на што треба соодветно да се реагира. Според нив цените на аранжманите треба да претрпат одредени корекции, а понудите да се збогатат, без што според нив Македонија тешко ќе може да им конкурира на земјите од регионот кои најавија попусти на летните аранжмани и до 30 проценти.

Ohridnews