Годинава во Охрид ќе летуваат најмалку двојно повеќе туристи од соседна Србија во однос на лани, беше истакнато на средбата помеѓу македонските и српските туристички работници што синоќа заврши со заедничко дружење во х. Ривиера.


Србите масовно ќе го постета Охрид ова лето

Претставници на 43 туристички агенции од Србија деновиве престојуваат во Охрид. Тие го рзгледаа културно историското минато на градот, знаменитостите, рекреативно-забавните центри и сместувачките капацитети, при што изразија воодушевеност од туристичкиот потенцијал на Охрид. „Овој град има се’, прекрасно Езеро, богато минато и одлични хотели, вели Ненад Тракиќ од Т.А. Холидеј од Крагуевац која заедно со Т.А. Арка од Скопје ја организираа посетата на српските туроператори на Охрид. Тракиќ смета дека Охрид оваа година ќе биде хит дестинација во Србија и дека туристите од север во голем број ќе летуваат покрај Охридското Езеро. Според него предност претставува близината на Охрид и релативно добрата инфраструктура. Тракиќ напомена дека Охрид веќе се нуди на српскиот пазар а интересеот е голем.


Охрид е извонредна туристичка дестинација-Ненад Тракиќ

Според Тракиќ актуелната политичко безбедносна состојба во регионот, како и евентуалното признавање на Косово од страна на Македонија нема да делува на доаѓањето на српските туристи во Охрид. „Мислам дека тоа нема да влијае на доѓањето на српските туристи. И Турција го призна Косово па повторно Србите масовно патуваат во оваа земја, рече Тракиќ.

Македонските домаќини се задоволни од разговорите со српските туроператори и изразуваат оптимизам дека тие ќе вродат со плод. Целта е да привлечеме што поголем број туристи од Србија да дојдат во Охрид од што корист ќе имаат сите туристички работници, ни изјави Никола Миленкоски, менаџер во х. Ривиера.


Македонска вечер во х. Ривиера

Средбата на македонските и српските туроператори синоќа беше заокружена со македонска вечер во х. Ривиера на која на гостите им се обрати  градоначалникот Александар Петрески кој истакна дека Охрид е подготвен ова лето топло да ги прими гостите од Србија.

Горан Момироски