Еден од поинтересните чевртфинални двојки во Купот на Македонија е Кожув – Фени Индустри. Двете екипи добро се познаваат и охриѓани ги очекуваат возбудливи 40 минути по кои ќе се дознае патникот помеѓу најдобрите четири.

– Нашите мисли се в перени на еден натпревар, а тоа е четвртфиналниот против Фени Индустри. Не се замараме со нашиот следен противник бидејќи прво мора да го минеме нашиот прв противник. За да го совладаме Фени мора да дадеме 100% од нашите сили затоа што се работи за екипа која е нагорна линија. Втората полусезона од минатата година играа доста добра кошарка, а со неколку засилување посебно Ристе Стефанов имаат респектабилен состав – рече тренерот на гевгеличани, Марјан Србиноски.

Противник на победникот од дуелот Кожув – Фени Индустри ќе му биде поуспешниот од премиерниот дуел меѓу МЗТ Скопје – Струмица.

Мх.П.