Иако резултатот говори лесна и убедлива победа на Кожув во 1/4 финалето над Фени, сепак „белите“ мораа добро да ги испотат дресовите.

– Претпоставувавме дека нашиот противник ќе може да се држи едно полувреме. Тоа и се случи тие беа рамноправни, но на почетокот од вториот пресуди нашиот квалитет и подолгата клупа. Кога се кршеше резултатот погодивме неколку „зицери“, играта во одбраната ја кренавме на повисоко ниво и го спроведовме мечот онака како што посакувавме – рече Марјан Србиноски.

Стратегот на клупата од Кожув во полуфиналето со МЗТ Скопје очекува добар натпревар и не ја крие фаворитската улога на актуелниот македонски првак.

Мх.П.