Во првиот полуфинален натпревар ќе се сретнат актуелниот кошаркарски првак МЗТ Скопје и лидерот во шампионатот Кожув. Двата тима немаа некои посериозни проблеми во 1/4 финалето и лесно изборија пласман во најдобрите четири екипи.

– Не треба да се трошат зборови за квалитетот на МЗТ Скопје. Одигравме два контролни натпревара со нив и резултатот е изедначен. Без сомневање тие се фаворити на овој меч, но имаме ние што да кажаме. Името на противникот треба да дејствува мотивирачки на играчите и да дадат 100 отсто во текот на целиот натпревар – рече Марјан Србиноски, тренер на Кожув.

Пред почетокот на сезоната во пријателски натпревар Кожув пред своите гледачи успеа да го совлада МЗТ Скопје.

Мх.П.