Повеќе од илјада србинки годишно одат на хименопластика, операција со која ја враќаат невиноста. Гинекологот Душан Петриќ вели дека поголемиот дел од нив подоцна ја продаваат невиноста во Дубаи за 6 до 7 илјади евра. Вели дека арапите ја ценат невиноста и многу жени заработуваат на тој начин.
Вели дека некои девојки тоа го прават од љубов. Најмладата пациентка имала 18, а најстарата 32 години. има случаи и невиноста да ја враќаат девојки кои абортирале, родиле или се во брак. Вели дека една го изненадила сопругот за десетгодишнината од бракот. Операцијата е многу едноставна и трае десет до петнаесет минути.