Пробното возење на новиот модел на Ферари за 45 – годишниот купувач од Србија се претворило во ноќна мора, откако во целост го уништил ексклузивниот автомобил модел Scuderia Spider 16 M кој ќе се произведе во само 499 примероци.
Несреќата се случила на автопатот А96 во близина на Midelhem, 45 – годишникот најверојатно поради преголемата брзина изгубил контрола над возилото во моментот на престасување, ја пробил заштитната ограда и се превртил неколку пати. Автомобилот вреден 280.000 евра е во целост уништен, штетата е проценета на 300.000 евра, а купувачот и 40 – годишниот вработен кој седел на совозачкото седиште се тешко повредени, пренесуваат германските медиуми.
Моделот Scuderia Spider 16 M спаѓа во најексклузивните модели на италијанскиот производител – има мотор од 4.308 кубни сантиметри и 510 коњски сили, а 100 км/час достигнува за 3,7 секунди.