УЕФА пресуди во случајот „Џенова“ за прекинатиот квалификациски меч за ЕУРО 2012 помеѓу Италија и Србија. Мечот е регистриран со 3:0 за Италија.
Покрај тоа Србија првиот нареден меч на домашен терен да го играат без публика, а казната ќе биде зголемена на два меча без публика доколку во наредните две години се забележи нов инцидент. Според тоа Србија пред празни трибини ќе го игра мечот против Северна Ирска на 25 март идната година.
Италија е исто така условно казнета со еден меч без публика доколку се повторат нереди на мечеви на „Азурите“. Казната за Италија е поради тоа што дозволиле гостински навивачи да влезат на стадион со пиротехнички средства.
По оваа одлука Италија е прва во групата со 10 бодови, а Србија со четири бодови петта во конкуренција на шест репрезентации и со минимални изгледи да се избори за втората позиција.
OhridNews