Македонската кошаркарска репрезентација претрпе убедлив пораз 45 разлика (94-49) од селекцијата на Србија на Медитерантските игри во Мерсин, Турција.


Срамниот пораз на избраниците на селекторот Марјан Србиноски ги чинеше пласман во финалето, а сега ќе им преостане да го обелат образот против Тунис во натпреварот  за трето место.

Српските кошаркари од стартот на мечот наметнаа темпо кое македонските репрезентативци неможеа да го издржат, а нивниот удар од поле (18-51) за два и (4-19) за три поени говори за немоќноста на “црвено жолтите“.

Мх.П.