Прогласувањето на независноста на Косово е нелегимен акт и се што властите во Приштина договараат и ќе договараат, во случајов демаркацијата на границата со Македонија е неправен акт. Ова го изјави претседателот на Србија Борис Тадиќ на средба со новинарите вчера попладне. Тој тоа го повторил и на билатералната средба со македонскиот претседател Бранко Црвенковски. При тоа како што не информираа од претседателскиот кабинет, Тадиќ изразил разбирање за позициите на Македонија по однос на прашањето за границата, но исто така побарал разбирање за српските позиции.
За разлика од Тадиќ, Црвенковски смета дека демаркацијата на северната граница е техничко прашање и дека демаркацијата се извршува врз основа на договорот на Скопје со Белград.
Различни гледишта на проблемот- Црвеновски и Тадиќ
ohridnews