Репрезентацијата на Србија денес ја очекува казната од УЕФА поради дивеењето на нивните навивачи во Џенова кога го прекинаа мечот од квалификациите за ЕП 2012 против Италија.

Според најавите Србија ја очекува драстична казна, прекинатиот меч ќе биде регистриран со службен резултат 3-0 во корист на Италија, а “орлите“ следните три меча најверојатно ќе ги играат пред празни трибини, и ќе останат со три бода помалку на своето конто во квалификациите.

По одиграните три меча Србија има четири бода, евентуалната казна би значело простување од ЕП 2012 кое ќе се игра во Полска и Украина.

OhridNews