Ракометниот сојуз на Србија и Европската ракометна федерација потпишаа официјален договор за организација на превенствтото на стариот континент за 2012 година. Преставниците на ЕХФ Тор Лиан и Михаел Видерер истакнаа дека очекуваат првенството да помине на највисоко ниво.
Претседателот на РСС, Велимир Марјановиќ истакна дека околу 80 тв станици ќе вршат директни преноси од овај настан и дека сите тие со позитивни впечатоци ќе си заминат од Србија.
Првенството ќе се игра од 17 до 29 јануари 2012 година, а домаќини ќе бида Белград, Ниш, Нови Сад и Вршац.