Фудбалските селекции на Македонија и Србија останаа без селектори. Македонската фудбалска репрезентација од поодамна нема „шеф“ додека „орлите“ во вторникот ги напушти Синиша Михајловиќ, кој замина во Сампдорија.


Најсериозни кандидати за презамање на клупата на Србија се Љубиша Тумбаковиќ и Драган Стојковиќ-Писки, а за македонската има повеќе, но во потесниот круг се Бошко Ѓуровски, Ѓоко Хаџиевски, Бобан Бабунски, Тони Савески и интернационалците Лотар Матеус и Виктор Муњоз.

Ако фудбалската федерација на Србија се одлучи за Пикси, кој моментално работи во јапонската Нагоја, тој наверојатно со себе ќе го понесе пикот број еден на ФФМ, Ѓуровски.

Нивната успешна соработка во Нагоја трае две години и можеби ќе продолжи ако Пикси ги преземе „орлите“, а ФФМ ќе мора да пикира нов стратег за селекторот на „рисовите“.

Мх.П.