Натпреварот кој се играше на теренот на ФФМ , се до 35 -та минута не навестуваше вакова расплет. На прекинот му претходеше ни малку нежен прекршок по кој настана кошкање помеѓу Зечевиќ и Туцаковиќ.
Останатите како едвај да чекаа и на теренот влетаа и резервирете на двете екипи, настана таква мешаница и бркотница при што не се знаеше кој кого удира. Во мешаницата најдебелиот крај го извлече играчот на Инџија Туцаковиќ, кој доби удар во пределот на главата.
Тренерите на двете екипи се обидоа да ги смират страстите и едвај успеаа да ја „легнат“ топката.
До прекинот резултатот беше 1-0 за Инџија. Стрелецот на голот Коџо, кратко ни рече “ тоа е нашиот српски фудбал“
Охриѓани одамна не паметат ваков прекин на пријателски натпревар. Годинава Охрид е домаќин на неколку српски вторлигаши и досега ваков проблем немало.