Селекцијата на Србија, со триумфот над репрезентацијата на САД во борбата за пласман од 5 до 8 позиција ги залечи раните од неуспехот и елиминицијата во четвртфиналната фаза на Мундијалот во Кина. „Орлите“ славеа со 94-88 (32-7, 12-33, 27-28 23-21).

Српските кошаркари, одиграа маестрална прва четвртина во која постигнаа 32 поени а примија само 7 и во сенка ги фрлија играчите од НБА лигата.  Избраниците на Грег Поповиќ во вториот квартал се консолидираа, анулираа поголем дел од негатива и ја вратија неизвесноста во натпреварот.

Во третиот период, се играше израмнето а србите иако ја загубија четвртината го задржаа водството. Во решавачкиот квартал, пулените на Александар Ѓорѓевиќ одолеаја на противничките напади и го обелија образот пред симпатизерите победувајќи го тимот на САД.

Во мечот за петтото место, Србија силите ќе ги одмери со Чешка додека САД во борбата за 7-то место ќе се сретне со Полска.

OhridNews