Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ најави дека во земјата повторно ќе се вратат рестриктивните мерки. Овој пат, премиерката рече дека ќе бидат во поблага форма и нема да се органичува движењето на луѓето, како во времето на вондредната состојба.

Последниот збор околу мерките го има Кризниот штаб кој денеска ќе одлучува што и како понатаму. Ако повторно стапат на сила рестриктивните мерки сигурно ќе се затвораат ноќните клубови а се разгледува опцијата за ограничување на работното време на рестораните.

Последниов период во Србија, најмногу заразени од коронавирусот доаѓаат од Белград, а потоа следуваат Нови Пазар, Крагуевац, Ужице и Врање.

OhridNews