Според досега објавените резултати од парламентарните избори, врз основа на обработените 7.847 избирачки места, од вкупно 8.273, листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ освоила 46,84 отсто, односно 1.678.619 гласови, објавено е на веб-страницата на Републичката изборна комисија (РИК) на Србија.

Листата „Србија против насилството“ освоила 23,38 отсто или 837.859 гласови. Листата „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“ има 6,59 отсто, односно 236.175 гласови. Коалицијата НАДА доби 5,02 отсто или 179.933 гласови, а Бранимир Несторовиќ „Ние – гласот на народот“ доби 4,68 отсто или 167.712 гласови.

Листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да застане“ освои 46,3 отсто од гласовите на републичките избори, објави Цезид/Ипсос, врз основа на 95,3 отсто од обработениот примерок. Тоа значи дека тие ќе имаат 127 мандати во Парламентот.

Листата „Србија против насилството“ освои 23,6 отсто од гласовите – 65 мандати, додека листата околу Социјалистичката партија на Србија има 18 мандати, јавија белградските медиуми. Листата предводена од Бранимир Несторовиќ освои 4,8 отсто од гласовите, што и дава 13 мандати, исто колку и коалицијата НАДА која освои 4,9 отсто од гласовите. Пет малцински партии го поминаа цензусот.

Листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ на изборите во Белград освои 38,7 отсто од гласовите и со тоа освои 48 мандати во Градското собрание, од можни 110, објави Цесид/Ипсос во најновата проекција на изборните резултати.

Како што е наведено на веб-страницата на Цесид, овие податоци се собрани врз основа на 77 отсто од обработени примероци.

Листата „Србија против насилството“ освои 34,7 отсто од гласовите или 43 мандати.

Коалицијата НАДА ќе има седум мандати, благодарение на шест отсто од освоените гласови.

Следува листата „МИ – гласот на народот, Александар Јерковиќ“ со 5,3 отсто од гласовите и шест мандати.

Листата околу Социјалистичката партија на Србија освои 4,8 отсто од гласовите и шест мандати.

Останатите учесници на изборите за Белград останаа без мандат.

OhridNews