Кошаркарите на Србија први изборија пласман во  полуфиналето на Светското првенство, откако во воведниот четвртфинален дуел, вчера, убедливо ја совладаа Литванија во Манила со 87-68 (24-25, 25-13, 24-17, 14-13).

До место меѓу четирите најдобри селекции на кошаркарскиот Мундијал што се одржува во Јапонија, Индонезија и Филипини, репрезентацијата на Србија ја предводеше Богдан Богдановиќ со 21 поени, додека Тадас Седекерскис со 14 кошеви беше најефикасен во литванските редови.

Србија во полуфиналето ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Канада и Словенија, кој е на програмата денеска.

Во полуфиналето се пласира и селекцијата на САД по убедливиот триумф над Италија 100:63. Американците за пласман во финалето ќе играат со подобриот од мечот  меѓу Германија и најголемото изненадување Летонија кој се игра денеска.

OhridNews

Фото: МИА/Фејсбук