Европската куќа на фудбалот (УЕФА) може прописно да се посрамоти во финалниот натпревар од Лигата на Европа во кое ќе се сретнат англиските премиерлигаш Арсенал и Челси.  На УЕФА и се закануваат празни столчиња на трибините на олимпискиот стадион во Баку, Азербејџан, откако клубовите и спонзорите ги враќаат билетите за финалето.

Клубовите и симпатизерите најпрво негодуваа за бројот на влезници кои им беа доделени. Стадионот во Баку собира 67 000 гледачи, а финалистите добија по 6 000 влезници, што е премалку за армијата навивачи која ја имаат двата состави од Премиер лигата.

Голем проблем се и цените на билетите, кои, УЕФА ги има одредено за слободните влезници кои се добиваат по пат на лотарија. Англичаните имаат највисоки цени на влезници во светот на фудбалот, а УЕФА ги помина границите и постави уште повисоки на кои неможат да одговарат ниту најголемите фанатаци.

Друг и можеби главен е проблем кој го наведуваат англиските навивачи е превозот. Од Англија до Азербејџан авионска линија има еднаш неделно, а со оглед на интересот тој ќе биде премалку да ги превезе сите симпатизери.

Арсенал и Челси силите во финалето ќе ги одмерат в среда на 29 мај.

OhridNews