Составот на Струга Трим Лум во следниве два натпревари ќе биде без тренерот Срѓан Захариевски покрај аут линијата, откако дисциплинската комисија му изрече суспензија за црвениот картон на дуелот со Пелистер, кој стружани го загубија со 0-1.
Захариевски исклучен беше поради влегување на терен и бурна реакција кон судиите во последните минути од средбата со Пелистер. Тренерот на стружани после мечот го искажа незадоволството од судењето и додаде дека ваквиот развој на фудбалот не води никаде.
Захариевски ќе го пропушти мечот со Вардар во Скопје и првиот натпревар од третиот круг во првенството.
OhridNews