Резултатската криза се продлабочи во Струга Трим Лум, откако екипата претрпе минимален пораз (1-0) на гостувањето во Струмица кај тимот на Академија Пандев, во 24-та рунда од Првата македонска фудбалска лига. Струшките „црвено бели“ остануваат на четвртата позиција, но разликата во однос на екипите кои се борат за опстанок е намалена.

Од целиот натпревар ќе го издвојам само пристапот за игра во второто полувреме. Мислам дека тоа е модулот за излез од резултатската криза, – изјави кратко Срѓан Захариевски после натпреварот.

Во Првата лига следува пауза поради репрезентавните обврски, а следниот меч стружани го играат на домашен терен, против екипата на Беласица.

OhridNews

 

Прва МФЛ: Пораз на Струга Трим Лум во Струмица, убедлив триумф на Шкендија во Скопје (видео)