Составот на Струга Трим Лум ги реши дилемите околу тренерската позиција назначувајќи го Срѓан Захариевски за нов шеф на стручниот штаб.
Популарниот „Срле“ на клупата на струшкиот прволигаш доаѓа на местото на Јетон Беќири, кој си поднесе оставка после поразот од Шкупи на домашен терен.
„Црвено белите“ и новиот тренер ќе имаат тешка задача во битката за опстанок, бидејќи борбата ќе ја стартуваат од последната позиција на табелата.
Моментално во македонскиот фудбалски шампионат има пауза поради корона вирусот и се уште не е познато кога и како ќе се продолжи.
OhridNews