Екипата на Струга Трим Лум со минимални 1-0 славеше во дуелот со Борец во третата рунда од Првата македонска фудбалска лига. За стружани ова беше прва победа во новата сезона после ремито и поразот на стартот од шампионатот. Стрелец на погодокот беше Александар Ристески во 81-та минута од натпреварот.
Срѓан Захариевски (Струга ТЛ) – За нас ова беше многу тежок натпревар од психолошки аспект. После двата гостински мечеви требаше да играме на домашен терен и да бркаме победа. Бодовите многу ни значат моментално и понатаму, бидејќи за противник ќе го немаме притисокот. Во првиот дел одигравме многу добро, додека во второто нападите не беа жестоки, но тогаш пресуди желбата на играчите затоа им честитам за победата.
Горазд Михајлов (Борец) – Домаќинот со право се радува за победа која ја оствари со погодок од прекин. За нас прекините стануваат ноќна мора. Во претходниот натпревар исто така примивме гол од прекин, така и денеска. Мора што побрзо да го заборавиме овој натпревар и комплетно да се фокусираме на Шкендија.
Александар Ристески (Струга ТЛ) – Оваа победа вреди многу повеќе од три бодови. Многу ни требаше ваков позитивен резултат бидејќи после непосакуваниот старт немавме избор во мечот со Борец. Секогаш при прекини се преселувам во казнеиот простор. Овој пат се најдов на вистинско место и многу ми е мило што погодив за победа.
OhridNews
Прва МФЛ: Прва радост на Струга, дефанзивецот Ристески човек на одлука (видео)