Фудбалерите на Струга Трим Лум, на домашен терен, со минимални 1-0 ја совладаа Ренова и прокнижија нови три бодови на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Погодокот кој го одлучи победникот го постигна дефанзивецот Клисман Цаке во првиот дел од натпреварот.
Срѓан Захариевски (Струга ТЛ) – Двете екипи одигравме тврд натпревар, во кој изобилуваше голема борба во текот на сите 90-ет минути. Бодовите беа императив за двете екипи, затоа мечот беше многу нервозен, отколку квалитетен, но и такви натпревари е добро кога се добиваат. На крајот мислам дека заслужено победивме и го освоивме целиот плен. Веднаш се насочуваме кон 1/4 финалниот натпревар со истиот противник во Купот на Македонија, бидејќи не очекува можеби уште потежок натпревар. Нема многу скриени адути помеѓу нас.
Бујар Ислами (Ренова) – Во првите 20 минути не бевме на ниво и Струга Трим Лум ја диктираше играта. После примениот погодок, ние комплетно доминиравме и заслуживме најмалку бод. Не сакам, но морам да истакнам дека судијата одигра главна фигура во конечниот резултат. Директни одлуки кои можеа да го сменат резултатот не беа досудени и навистина не знам што да кажам повеќе. Ренова, сезонава, оштетана е со 6-7 бодови од дискубатални или не точни одлуки.
OhridNews
Прва МФЛ: Минимален триумф на Струга ТЛ, Каланоски го реши Силекс (видео)