Фудбалерите на Охрид со победа ја завршија сезоната во Втората лига. Изминатиот викенд совладана беше Беласица со 3:0. „Белите“ првенството го завршија на седмото место со 41 бод. Охрид, во рамки на можностите, одигра стабилно и во ниту еден момент не го загрозија својот статус.

Амбициозниот фудбалски клуб Воска Спорт ја оствари својата цел по која тргна и минатата сезона. Помладиот охридски клуб ја освои Втората лига и обезбеди директен пласман во Првата македонска фудбалска лига.

Воска Спорт освојувач на Втората лига и нов прволигаш. Фото: Воска Спорт/Фејсбук

Воска Спорт првенството го заврши со висока победа над Борец 1:7, а пласманот во првата лига бурно беше прославен од екипата и раководството на клубот.

Интересно беше и во борбата за опстанок. Од лигата испаднаа Локомотива, Слога Виница и Борец, додека Тетекс ќе игра во плеј-аут. Во последното коло опстанок обезбеди Саса Каменица, која освои бод вреден опстанок во Битола кај Пелистер.

Резултати Втора лига 30 коло

Охрид Лихнидос – Беласица 3:0
Борец – Воска Спорт 1:7
Пелистер – Каменица Саса 0:0
Локомотива Скопје – Беса 2:0
Арсими – Тетекс 3:4
Караорман – Гостивар 0:2
Детонит Плачковица – Слога Виница 2:1
Кожув – Вардар 3:1

Конечна табела:

  1. Воска спорт 75 (Прва лига)
  2. Гостивар 73 (Прва лига)
  3. Вардар 63 (Бараж за Прва лига)
  4. Пелистер 58
  5. Детонит Плачковица 50
  6. Беса 48
  7. Охрид 41
  8. Арсими 40
  9. Кожуф 36
  10. Беласица 35
  11. Караорман 34
  12. Каменица Саса 31
  13. Тетекс 31 (Бараж з опстанок)
  14. Локомотива Скопје 30 (Трета лига)
  15. Слога Виница 25 (Трета лига)
  16. Борец 2 (Трета лига)

Г. Момироски