Викендов се одиграа последните кола од  Првата и Втората МФЛ.,

Според постигнатите резутати екипата на Работнички Кометал е нов шампион и ќе игра во квалификациите за ЛШ.  Во купот на УЕФА ќе не претставуваат ФК Милано и ФК Пелистер. Во Интертото Купот ФК Вардар или ФК Ренова.

Лигата директно ја напуштаат ФК Шкендија и ФК Цементарница.

Во разигрувањето за баражот следната недела ќе играат:

ФК Силекс-ФК Беласица
ФК Башкими-ФК Миравци

Нови прволигаши се екипите на ФК Турново и ФК Металург.

Од Втората МФЛ испаѓаат ФК Брегалница, ФК Караорман и ФК Влазрими.

Во баражот за опстанок ќе разигрува ФК Локомотива заедно со уште 5 екипи, прваци на Третите лиги: Кожув од Гевгелија (Јужен регион), Љуботен од Тетово (Западен), Лепенец од Скопје (Северен), Осогово од Кочани (Источен) и Новаци (Југозападен)

Извлекувањето на двојките за овие баражи ќе се одржи денес во ФФМ во 17ч.

ohridnews