Со традиционалната манифестација „Мостови“ и поетско читање, синоќа на мостот на поезијата беше спуштена завесата на 47-те Струшки вечери на поезијата.


На завршната вечер на албанскиот поет Фатос Арапи му беше доделен Златниот венец на Струшките вечери на поезијата. На македонскиот поет Ристо Лазаров му беше врачена наградата „Браќа Миладиновци“, а на хрватската поетеса Антонија Новаковиќ наградата на УНЕСКО  за најмлад поет. Исто така бечше доделена и наградата „Иселеничка грамота“ на поетот Шеќероски.


Арапи


Лазаров


Новаковиќ


Шеќероски

На годинешните Струшки вечери учествуваа 70 странски и педесетина домашни поети.