Спрејот кој за прв пат официјално се користеше на Мундијалот во Бразил треба за брзо да биде воведен и во Првата македонска фудбалска лига.

По користењето на СП фудбалската куќа на Европа (УЕФА) го веднаш го стави во употреба во Лигата на Шампиони, а и во најсилните европски лиги се користи од оваа сезона.

– Размислуваме за воведување на спрејот, кој, секако, би бил од корист. Но неговата употреба не е задолжителна во моментов, па тој веројатно ќе почне да се користи на натпреварите од Првата лига, во пролетниот дел од тековното првенство или од следната сезона. Спрејот се нарачува во големи количества, кои ги надминуваат потребите на Македонија, па би можеле да соработуваме со некоја од соседните федерации при неговата набавка – вели Емил Божиновски, претседател на судиската комисија на ФФМ, а пренесува „Нова Македонија“.

Со одбележувањето на местото од прекиниот и живиот ѕид сосема са намалуваат шансите да се украде некој метар во местењето на топката или ѕидот.

Ohridnews