Екипажот на Боинг 727 на компанијата Аеромексико спречил двајца пијани пилоти да влезат во авионот откако пред летот им измериле алкохол во крвта. Пијаните пилоти дошле на аеродромот Сан Хозе во Костарика откако една ноќ претходно биле на забава во хотелот. Се жалеле дека лошо се чувствуваат.


На копилотот во крвта му била измерена поголема количина алкохол. Пилотот, пак одбивал да биде тестиран. Авионот со 101 патник требало да полета за Мексико. Управата на аеродромот не ги известила патниците поради која причина летот бил одложен. Од авикомпанијата испратиле допис со извинување поради настанатиот инцидент.