Кинеската компанија „МИК Гаџет“ морала да го запре производството и продажбата на куклата со ликот на Марк Цукерберг, откако неговите адвокати ги предупредиле дека со тоа ги кршат авторските права на основачот на фејсбук. Куклите со големина од дваесеттина сантиметри се продавале по цена од 70 долари преку интернет заедно со дополнителна опрема, како реплика од логото на фејсбук.


Во писмото на адвокатите на Марк било истакнато дека компанијата произвела кукла без одобрение на Марк Цукерберг и со тоа ги прекршила неговите легитимни права. Менаџментот на компанијата, позната по производство и онлајн продажба на разни предмети, упатил извинување до Марк со ветување дека ќе го стопираат производството на куклата.