Делови од парно во колективна зграда на улицата „Никола Карев“ кое со години е вон употреба за малку ќе завршеле како старо железо во некој од илегалните отпади.
Кражбата ја спречиле станарите на кои им паднало чудно демонтирањето на металните цевки од парното. Откако сфатиле дека “мајсторите“ не се вистински успеале да ги спречат во намерата.
делови од парно греење во колективните згради завршуваат на отпад
Парното како што кажуваат жителите од зградата никогаш не проработело. Оставено на забот на времето оттаму секојдневно исчезнуваат делови. Ова не е единствен случај во градот. Во повеќе други колективни згради парната доживеале слична судбина, котлите се демонтирани, а деловите разграбани.
ohridnews
фото:Васко Бујароски