Патник на авионската линија Харков-Истанбул, барал од пилотот да го пренасочи леталото кон Сочи. Авионот бил принудно приземјен со помош на авионите Ф 16, јавува „Макфакс“.
Турски официјални лица соопштиле дека во петокот попладне полициските и воените сили на оваа земја спречиле терористички напад врз Сочи, градот кој е домаќин на Зимските олимписки игри.
За време на церемонијата на свеченото отворање, неименуван Украинец се обидел да грабне авион кој летал кон Истанбул. Според наводите на некои новински агенции, а како што пренесува српски „Мондо.рс“, патникот се заканувал со бомба.
Авионот со 11 патници, со помош на авионите Ф 16 бил приземјен во Истанбул.
Турската државна телевизија јави дека авионот, по приземјувањето, бил задржан во безбедносната зона на аеродромот во Истанбул.
OhridNews
извор:„Макфакс“