Полицијата во Ресен поднесе кривична пријава против Б.Д.(27) од струшкото село Радолишта за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

Во саботата, околу 17 часот и 20 минути, во Ресен при контрола на такси возило „хјундаи акцент“, управувано од Б.А.(38) од Охрид се откриени албанските државјани А.М.(20), А.Т.(19), С.К.(19) и Р.К.(21) без патни исправи.

Од преземени мерки е утврдено дека организатор на транспортот е пријавениот, од чија страна биле прифатени и сместени албанските државјани, откако на 7-ми, односно 9-ти овој месец, илегално влегле во Македонија. Инаку, албанските државјани имале намера илегално да заминат за Грција, каде требало на непознато лице да му дадат 1.000 до 1.200 евра по човек.