Дваесет и пет вредни икони за кои се претпоставува дека потекнуваат од црквата Св. Богородица во Крушево, биле пронајдени во полициската акција во непосредна близина на македонско-албанската граница кај метсото викано Жичан мост-дебарско.




Иконите спакувани во вреќи биле пронајдени во близина на опожарено возило мерседец без регистарски таблички. Истите се однесено на вештачење, а полицијата ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител за криумчарење.



Се преземаат мерки за утврдување на сопственикот на возилото и евентуалната поврзаност на овие лица со меѓународната криминална група од која, пред крај на минатиот месец во акција кај струшкото село Луково беа приведени двајца албански државјани. Нив им е одредена мерка притвор во траење до 30 дена, соопшти СВР Охрид.