Вчера од страна на Единицата за борба против недозволената трговија со дрога До Основното Јавно Обвинителство – Скопје, поднесена е кривична пријава против Б.В.(44) и М.П.(39) двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Второпријавената со доказниот материјал е изнесена пред Истражен судија кој на неа и на првопријавениот во отсуство им изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена.
Малопродажната вредност на запленетиот кокаин се проценува на околу 200.000 евра. Се претпоставува дека запленетиот кокаин бил наменет за македонскиот пазар, односно за поимотни клиенти кои контактирале со второпријавената.