На ГП„Ќафасан“ вчера околу 18.45 часот на излез од Р.Македонија, во автомобил со скопски регистарски таблички со кој патувале 4 лица, биле пронајдени таблети „екстази“, кои еден од патниците планирал нелегално да ги изнесе од земјата.

– При извршен детален преглед врз лицата кај едно од нив во гаќите во пределот на гениталиите била пронајдена пластична ќеса во која имало таблети „екстази“. Патникот кажал дека ги носел за Швајцарија и дека ги купил од Скопје за негова употреба. Со потврда за привремено одземени предмети од лицето се одземени вкупно 571 таблета, од кои 133-бела боја и 438-зелена боја. Лицата се предадени на полициски службеници од полициската станица-Струга  за понатамошна постапка, соопшти МВР.

OhridNews