На трети септември на граничниот премин Свети Наум, за влез во државата се пријавил македонски државјанин, управувајќи патничко моторно возилo со македонски регистарски таблици. При вршење на преглед, во внатрешноста на возилото, царинскиот службеник пронашол непозната тврда супстанција, обвиткана со прозирен најлон. Поради сомневање за природата на супстанцијата царинскиот службеник повикал друг службеник со царинско куче кој во тој момент бил на граничниот премин и заеднички го продолжиле прегледот. Кучето изреагирало на супстанцата, по што е земен примерок од истата и е направено тестирање со соодветни реагенси кои покажале дека содржи амфетамини. Натамошните лабораториски испитувања покажале дека се работи за кокаин со голема чистота во количество од 144 грама, информира Царинската управа.

Лицето е лишено од слобода и против него е отпочната соодветна постапка.

OhridNews