Во текот на минатата недела, царинските службеници, во автобус кој возел на релација Истанбул- Струга спречиле обид за криумчарење на златен и сребрен накит.

При контрола на рачна торба, сопственост на патник со македонско и турско државјанство, кој патувајќи со турскиот автобус се пријавил за влез во државата на граничниот премин Богородица, откриле  310 грама стар златен накит и 175 грама стар сребрен накит, во вредност од околу 374 илјади денари.Во внатрешноста на торбата на патникот, во повеќе мали кутии и две вреќички за накит, сместени во најлонско кесе, се пронајдени 16 парчиња златен накит (нараквици, синџирчиња, обетки, прстени и приврзок) и 16 парчиња сребрен накит (прстени, приврзоци, обетки и гердан). Накитот е привремено задржан, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка.

При царинските контроли минатата недела откриени се и 416 пара машки и детски пижами со ознаки на заштитени трговски марки, при контрола на текстилни производи со потекло од Турција, наменети за увозник од Струга, пријавени за увозно царинење на царинската испостава Струга. Пижамите се привремено задржани поради основано сомневање дека претставуваат фалсификат на заштитени трговски марки и согласно законските одредби ќе биде започната постапка за утврдување на нејзината оригиналност.

OhridNews