Од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, извршена на патниот правец Свети Наум – Охрид, деновиве откриени се 590 пара очила со диоптрија. Очилата, за кои возачот не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки, се пронајдени во кутија, сместена во багажникот на возилото.
Стоката е привремено задржана, а против прекршителот ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Комисијата за одлучување по прекршок при Царинската управа на Република Македонија.
OhridNews