Францускиот министер за внатрешни работи Бернард Казенев изјави денеска дека полицијата во изминатиот викенд уапсила седум лица во Стразбур и Марсеј за организирање на терористички напади во земјата. Апсењето на осомничените кои биле на возраст од 29 до 37 години и кои потекнувале од Франција, Марко и Авганистан, според него, им овозможило да го спречат одамна планираниот терористички напад.

Казенев не ја посочи целта на нападот. Франција се уште е во вонредна состојба, една година по нападите на милитантната група Исламска држава во Париз во кои загинаа над 130 луѓе.

OhridNews
извор РСЕ