При контрола извршена вчера, околу 17 часот во атар на охридското село Косел, од страна на полициски службеници затекнато e товарно возило „Застава“, со охридски регистарски ознаки и трактор со приколка, со ресенски регистарски ознаки, со кои се вршел нелегален транспорт на огревно дрво.

Од извршениот преглед било констатирано дека возилата биле натоварени со нежигосано огревно дрво, кое било предадено на Шумската полиција. – соопшти СВР Охрид.

По целосно расветлување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, најави СВР Охрид.

OhridNews