Грабежот на банка во Сaн Пауло со стариот добро познат метод со копање тунел е спречен. Да успеел, би бил најголем во историјата. Шеснаесет лица се уапсени откако полицијата ги открила како копаат тунел долг 500 метри.Уапсените се задржани во северниот дел на градот каде што ги правеле орудијата за копање на тунелот.
„Бандата инвестирала околу 4 милиони реали (1,27 милиони долари). Секој од учесниците вложил околу 200.000 реали, а проценувале дека во банката ќе најдат 1 милијарда реали (317 милиони долари). Тоа би бил најголем грабеж во светот досега“, изјави главниот инспектор во истрагата, Фабио Пињеро Лопез.
Копањето на 500 метри долгиот тунел почнало пред 4 месеци, а завршило минатата среда, па полицијата веднаш започнала акција за апсење на бандата. Лопез вели дека и покрај тоа што бандата не влегла во трезорот, сепак, успеала да влезе во банката. „Затоа одлучивме да ја изведеме операцијата и да ги уапсиме сите“, објасни Лопез.
Тунелот, кој бил потпиран со метални греди, почнувал под една изнајмена куќа во близина на банката.
OhridNews
Макфакс