Францускиот Висок совет за радиодифузни агенции одлучил да забрани емитување на најмновите спотови на американските поп ѕвезди Мајли Сајрус и Бритни Спирс пред 22 часот. Оценети како „премногу провокативни за пошироката публика“, видео спотовите “Work B**c!” на Спирс и “Wrecking Ball” на Сајрус ќе можат да се видат на малите екрани дури во доцните вечерни часови.
Во своето соопштение агенцијата истакнала дека споменатите музички содржини не се во склад со препораките донесени во 2005 година, а кои предвидуваат „чувствителните“ видео клипови да не се емитираат пред 22 часот. Имено, во агенцијата сметаат дека видео спотот на Бритни евоцира „атмосфера на садомазохизам во кој жена е прикажана на начин на кој може да ги шокира борјните гледачи“, додека Сајрус е оптужена дека промовира сцена со „Сексуална конотација“.