После пет години, спотот за песната „Gangnam Style“ кој имаше на 2.8 милјарди прегледи, ја изгуби титулата „најгледано видео на YouTube“. Оваа титула сега му припаѓа на американскиот рапер Wiz Khalifa со песната „See you again“, во соработка со Charlie Puth, која има над 2.9 милјарди прегледи.

Претходно, во 2012 година, 39 годишниот Псај стана популарен не само во Северна Кореа, но и во Северна и Јужна Америка и Европа, а неговиот хит ја зарази целата планета.  

„See you again” е песна од филмот „Судбината на бесниот“ кој што е седми дел од популарната франшиза „Брзи и бесни“. Оваа песна, која ја придружува завршната сцена од филмот, е посветена на актерот Пол Вокер, кој загина во сообраќајна несреќа во 2013 година. 

После само шест месеци од нејзиното објавување на YouTube  во 2015 година, видеото достигна над една милјарда прегледи и доби три Греми номинации. 

А.М.