Спотот за песната “Hardest Things”, која Тоше ја сними за својот прв, но за жал и последен албум на англиски јазик, вечерва премиерно ќе биде прикажан на Хрватскиот радиски фестивал во Опатија, каде Тоше триумфираше минатата година. Спотот по смртта на Тоше го монтираше MTV Adria од матерјалите снимени на Јамајка и во лондонското студио.
Спотот од утре ќе се врти и на MTV Adria. Славен Ритески, сопруг на сестрата на Тоше, кој вели дека спотот е измонтиран онака како што покојниот пејач го замислувал.
Снимките на Јамајка се направени во 2006 година коага Тоше, неговата менаџерка Лилјана Петровиќ и Ласто Николовски од продуцентската куќа „Аворд“ 20 дена одмараа во друштво на Brian Taylor и продуцентот Andyjem Wrightom, кој има направено 5 албуми за „Simply Red“.