Спотот за песната “Hardest Things”, која Тоше ја сними за својот прв, но за жал и последен албум на англиски јазик, премиерно ќе биде прикажан на 31 мај на завршната вечер на Хрватскиот радиски фестивал во Опатија, каде Тоше триумфираше минатата година. Спотот по смртта на Тоше го монтираше MTV Adria од матерјалите снимени на Јамајка и во лондонското студио, пренесува хрватскиот портал „24 сата“.
Порталот ја пренесува и изјавата на Славен Ристески, сопруг на сестрата на Тоше, кој вели дека спотот е измонтиран онака како што покојниот пејач го замислувал.
Снимките на Јамајка се направени во 2006 година кога Тоше, неговата менаџерка Лилјана Петровиќ и Ласто Николовски од продуцентската куќа „Аворд“ 20 дена одмараа во друштво на Brian Taylor и продуцентот Andyjem Wrightom, кој има направено 5 албуми за „Simply Red“.
„Енди пред да почне со работа сакаше да го запознае Тоше, неговиот темперамент и душа, како би можел точно да го одреди типот на музка кој му одговара. Тогаш Brian Taylor дојде на идеја сите да отидеме кај неговиот татко на Јамајка. Во студиото на Tyler, кој беше гитарист на славниот Bob Marley, Тоше и Енди со часови раговараа околу аранжманите. Посетата на Јамајка за Тоше беше како реалити шоу. Камерата го следеше на секој чекор. Снимени се стотина часови матерјал“ – раскажува менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ, за „24 сата“.
ohridnews