Спотот на починатиот Мајкл Џексон за песната „Трилер“, бил сместен во филмската државна база на податоци во Вирџинија. Со тоа влегол во историјата како дел од националното богатство. Тоа е прв музички спот кој е сврстен во споменатата збирка во која се чуваат копии од филмски класици и други историски значајни снимки.


Покрај спотот, во збирката биле сврстени и уште 24 филма. „Трилер“ е наслов и на шестиот албум на Мајкл Џексон и воедно најпродаван на сите времиња. Објавен бил 1982 година и содржи елементи на фанк, диско, соул, рок и поп.